Масовна тепачка помеѓу две поголеми групи се случи вечерва во 1:30 часот по полноќ во строгиот центар на Прилеп, кај Реклами.
Поради засега непозната причина, двете групи најпрво се судриле зад бизнис центарот, а потоа тепачката ескалирала на булеварот “Гоце Делчев”, пред очите на стотина очевидци.
Полицијата пристигнала со повеќе возила на лице место, при што според очевидците со удари се здобиле и дел од полицајците кои интервенирале во тепачката. Но, случувањата тука не престанале. Откако полицијата привела неколкумина, едно лице започнало да тропа по полициското комбе, барајќи да се ослободи некое од приведените лица и со остри зборови да се обраќало кон полицајците. Истото потоа се дало во бегство, а во филмска бркотница подоцна и тој бил приведен.
Извор: Маркукуле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст