| четврток, 6 декември 2018 |

Невозможна мисија – Том Круз скрши нога

Американскиот актер Том Круз добил фрактура на скочниот зглоб при извршувањето на каскадeрски сцени на сетот на „Невозможна мисија-6” во Лондон, потврди филмската куќа „Парамаунт пикчрс”, цитирана од агенциите.

Инцидентот наложи запирање на снимањето на шестиот дел од акционата сагата, но компанијата увери дека и покрај тоа филмот ќе излезе на голем екран на 27 јули 2018 година, спроед планираното.

Педесет и пет годишниот актер, познат по тоа што сам ги извршува повеќето акробации, настрада во саботата при обид да го прескокне растојанието помеѓу два покрива, што заврши со удирање во бетонски ѕид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top