
Британската кралица Елизабета II нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, престолонаследникот Чарлс, да биде прогласен за принц-регент, пишува „Сандеј Тајмс“ , повикувајќи се на , како што вели, инсајдер во кралската палата.
На почетокот од минатата недела, дел од лондонските медиуми објавија дека 91-годишната кралица може да се повлече од своите јавни кралски обврски, во полза на нејзиниот најстар син, кој не би бил крал, туку регент
Тоа би значело дека кралицата ќе му ги префрлела на Чарлс сите свои овластувања, иако , се додека е жива, таа формално, и натаму ќе остане кралица на Обединетото кралство.
Никој од кралското семејство досега не реагираше на вестите за повлекувње на кралицата, иако извори во Бакингамската палата, официјалната кралска резиденција, за медиумите објаснуваа дека се почнати подготовки за спроведување на процесот на транзиција.
Овој процес може да се отвори само доколку кралицата и натаму е на престолот, откако ќе наполни 95 години. Тогаш, таа самата, ќе треба побара да се употребат одредбите од законот за регенство.
Неделнкот „Сандеј Тајмс“ сега тврди дека ништо од тоа не е точно, затоа што ниту кралицата ќе се повлече, ниту се подготвува процес за регенство.
Ваквото тврдење на весникот, практично, претставува кралски демант на тврдењета во лондонските медиуми од пред една недела, што тогаш уверуваа дека ваквата постапка ќе предизвика помалку потреси во јавноста, отколку абдикацијата на кралицата, поради нејзината возраст.
Кралицата Елизабета се наоѓа на британскиот престол од февруари 1952 година, по смрта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, а за кралица е крунисана во јуни 1953 година.
Таа и сега, и покрај возраста ги обавува сите кралски работи и задолженија.
Последното испитување на јавното мислење, покажува дека Британците не сакаат сопругата на Чарлс, војводката од Корнвол, Камила Паркер, да ја има титулата кралица, кога тој ке биде крунисан.
Истата анкета открива дека Британците повеке сакаат, кралицата Елизабета да ја наследи принцот Вилијам, нејзиниот внук, но за тоа би требало, претходно, да абдицира татко му Чарлс, што таа не го дозволува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


