Два дена по ред во поладневните часови гори старата градска депонија во Кичево и, градот во двата дена е прекриен со густ чад од депонијата, која се наоѓа непосредно до градскиот стадион и населбата Карпош, на само 500 метри од центарот на градот.
-За нас жителите од населба Карпош нема спас од дивата градска депонија. Вчера и денес се гушиме во непријатен и смрдлив чад. Дали еднаш засекогаш ќе му дојде крајот на овој проблем никој неможе да одговори. Важно проблемот постои и се повторува секое лето. Во повеќе наврати пожарот се гаси со цистерни, но ни тоа не помага , бидејќи тука има насобрано над 300 000 тони секаков вид на отпад – се пожалија жителите од најблиската населба до депонијата а состојбата не е ништо подобра ни во останатиот дел од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


