Денеска на 74-годишна возраст почина Ристо Пеов, сопственик на хотелите „Епинал“ во Битола, хотел „Бистра“ во Маврово, спортскиот ресорт и ски центарот во Маврово.Комеморацијата ќе се изврши в понеделник, во 14 часот, во хотелот Епинал во Битола.
Ристо Пеов е еден од првите повратници од дијаспората од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Тој беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со Ле Гранд казината во Скопје и Битола, а потоа и во хотелите во Маврово и Битола. Пеов го развиваше спортскиот и ски центар во Маврово. Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст