| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена Белгијка која планирала терористички напад на Балканот

22-годишната Белгијка е уапсена вчера на фериброд кој кој патувал Бари-Крф-Игуменица. Таа е уапсена по дојава од италијанските власти, пренесуваат грчките медиуми.

Како што е соопштено, за девојката била издадена потерница преку Европол, а таа ќе биде изведена пред суд кој ќе почне процедура за депортација.

Меѓународната потерница е издадена поради членство во терористичка организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top