| четврток, 6 декември 2018 |

Покренато обвинение против претседателот на БиХ

Кантоналниот јавен обвинител на Сараево покрена обвинение против претседателот на Федерацијата Босна и Херецеговина, Живко Будимир поради кривично дело недозволено поседување на оружје или експлозивни средства.

Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА) на 26 април за време на претресот во канцеларијата на Будимир во зградата на Претседателството на Федерацијата БиХ, пронашле пиштол „Чешка збројовка“ со седум куршуми, од кои еден бил во цевката, потсетува весникот „Дневни аваз“.

Будимир, наводно, им кажал на истражните органи дека пиштолот го добил за подарок во 1996 година, но 17 години не побарал дозвола за набавка, поседување и носење оружје. Тој има уште два пиштола, кои се регистрирани во 1998 година и за кои има дозвола, но не ја пријавил и „Збројовката“.

Доколку Будимир биде проглаен за виновен поради недезволено поседување на оружје, му се заканува казна и до две години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top