Министерството за внатрешни работи вечерва информираше дека продолжува со активностите за расветлување на случај во кој вчеравечер едно лице се здобило со мали повреди при семејна прослава во населбата Шуто Оризари во Скопје, а во тек на која се слушнале истрели од огнено оружје.
Според соопштението од МВР, полицијата добила оперативни сознанија дека вчеравечер за време на одржување семејна веселба во објект во населбата Шуто Оризари во Скопје се слушнале истрели од огнено оружје.
Од проверките направени на пријавеното место не биле пронајдени чаури од огнено оружје, ниту повредени лица. Дополнително полицијата направила проверки и на здравствените установи на територија на град Скопје каде не се пријавени лица за укажување на медицинска помош. Сепак, имајќи ги предвид сознанијата со кои се располага, посочуваат од МВР, направени се дополнителни проверки и утврден е идентитетот на едно лице кое е повикано во полициска станица да даде исказ.
– Лицето изјави дека во текот на веселбата на која бил гостин слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со мала повреда, заради што и не побарал медицинска помош. Министерството за внатрешни работи продолжува со дејствија за откривање на идентитетот на сторителот во интерес на покренување соодветна постапка, наведува МВР во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст