Градоначалничката на Барселона Ада Кола изјави денеска дека нема да постави заштитни столбови на градските улици и покрај нападот со комбе на минувачите на улицата Рамблас, една од најатрактивните туристички улици во главниот град на Каталонија.
„Невозможно е да се наполни градот со столбчиња. Токму тоа го сакаат терористите, да живееме меѓу столбчиња”, изјави 43-годишната Кола.”Ние сакаме да биде слободен град, а овие мерки ќе ја намалат нашата слобода”, рече таа, додавајќи дека заштитните огради се ставаат за време на концерти, прослави и други настани.
Кола е градоначалник од 2015 година, а дотогаш беше граѓански активист во група која се бореше против исфрлање на граѓаните на улица поради неможноста да ги отплатат банкарските заеми. Таа е основач на Платформата за загрозени хипотеки.
По газење пешаци со камиони во Берлин и во францускиот град Ница, шпанското Министерство за внатрешни работи на крајот на 2016 година предложи воведување на физичка заштита на улиците со цел да се спречат слични напади. Барселона за време на новогодишните прослави постави пречки во една од улиците.
По нападите во Барселона неколку градови во Шпанија ставија заштитна мрежа.Во главниот град Мадрид во саботата беа поставени огромни бетонски блокови околу централниот плоштад Пуерта дел Сол.Слични блокови и столбови беа поставени и во Ница по нападите во јули 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст