| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж со расекотина на вратот пронајден во Скопје

Тело на починат 78-годишен маж од Пробиштип синоќа е пронајдено на улицата „Антон Панов“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, од страна на Итна медицинска помош  вчера во 22 часот во Единицата за известување и командување било пријавено дека на улицата „Антон Панов“ во Скопје било пронајдено починато лицето С.Ј. (78) од Пробиштип.

-Починатиот имал расекотина на вратот, а до неговото тело биле пронајдени траги од крв и нож. С.Ј. бил пронајден од неговиот внук кој го известил неговиот татко (зетот на С.Ј.), кој пак го пријавил настанот. Увид извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институт за судска медицина на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top