Комисијата за верификација на фактите утврдила дека новинар од „Нова Македонија“ бил оперативна врска, чија задача била да ги обработува колегите од весникот кои манифестирале националистички позиции.
Новинарот од постарата генерација, добитник на врвни награди од областа на публицистиката и журнализмот, бил соработник на тајните служби, пренесува „Алфа“.
Новинарот пред две години, кога бил кандидат за пратеник на предвремените избори добил сертификат дека не е доушник, но по проверка на други лица, во списите од Државниот Архив, лустраторите го откриле неговото име и решиле да ја ревидираат одлуката.
Чедомир Дамјановски, кој во континуитет опонира на одлуките што ги носи Комисијата и денеска се спротистави на начинот на кој работи овој орган, најавувајќи дека утре, на прес-конференција ќе обелодени детали што го проблематизираат начинот на кој функционираат лустраторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.