| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: За два месеци владата на СДСМ ги намали девизните резерви за 170 милиони евра, тоа е скандалозно

СДСМ вели дека го намалиле долгот за 31 милион евра. Ако влезете на веб страната на министерството за финансии и го погледнете извештајот за вториот квартал од 2017 година и истиот го споредите со првиот квартал, ќе забележите дека е навистина 31 милион евра, но каде е тука разликата? Имаме јули месец и прва половина на август- нето задолжувањето, односно задолжувањето и раздолжувањето е многу поголемо од оваа бројка од 31 милион евра.

Ова го истакна генералниот сектетар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска беше гостин во вестите на Сител телевизија.

-Но тоа не е се. Каде СДСМ не е чесен пред граѓаните? Ако влезете во податоците кои ги објавува НБРМ тогаш ќе видите дека девизните резерви на РМ споредено 31 јули и 31 мај се од салдо 366,3 милиони евра намалени на 189,3 милиони евра, цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели 2 месеци. Тоа е скандалозно, нечесно коп граѓаните. Нечесно е да се излегува со тези во јавноста дека е намален долгот кога апсолутната бројка на тој долг не само што е зголемена, туку ако таа се претвори во проценти е повеќе од 3 проценти од вкупниот долг, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top