Пресудата донесена од судијата Лазар Нанев за која што дознав од новинар на Фокус е уште еден срам за спрегата помеѓу некои судии и актуелната власт, бидејќи се работи за пресуда заснована на лажна и два пати менувана изјава без ниту еден материјален доказ, напиша градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов на Фејсбук.
Вели дека знае оти посочениот судија е лично и политички мотивиран да се додворува на актуелната власт со прогон на политичките неистомисленици, но како што пишува, порано или подоцна правдата ќе излезе на виделина.
-Против оваа политички инструирана и без докази донесена пресуда, ќе покренам жалбена постапка и сигурен сум дека повисоките судски инстанци нема да пресудат според личната нетрпеливост на споменатиот судија и политичката инструираност, истакна Панов.
Со овој случај, вели Панов, за жал се покажа дека некои судии се ставија во функција на политичката кампања на СДС пред претстојните локални избори за мое лично дискредитирање и занемарување на сите дела за Кавадарци.
-Сигурен сум дека граѓаните на Кавадарци на претстојните локални избори ќе донесат правилна одлука која ќе мора да ја почитува и инструираниот судија, потенцира Панов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст