| четврток, 6 декември 2018 |

Терористот од Барселона не лажел – брат му управувал со комбето на смртта


Муса Оукбар, (17) по потекло од Мароко е клучниот човек кој се поврзува со нападот во Барселона откако полицијата откри дека на социјалните мрежи зборува за смрт на неверниците.

По него, полицијата траг откако го уапсија неговиот постар брат Дрис, кој рекол дека Муса му ги украл документите за идентификација за да изнајми комбе кои беше напуштено по нападот на Ла Рамбла.

Се верува дека Муса бил возачот на комбето. Полицијата ја објави неговата фотографија.
Иако е утврдено дека Дрис не бил во комбето, тој останува во притвор додека не го пронајдат неговиот брат кој е во бегство.

Друг маж е уапсен во Алканар каде експлодирале канистери со бензин 24 часа порано. Се работи за Шпанец со потекло од северна Африка. Никој претходно немал кривични дела поврзани со тероризам.
Очевидци тврдат дека со комбето управувал млад човек не постар од 25 години, дека бил слаб и имал кафеава коса. Не бил вооружен. Во нападот загинаа 13 лица, а повредени се околу 100 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top