| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас откри дали ја изневерил Соња со Ана Севиќ или таа него со Јариќ

Аца Лукас конечно проговори за гласините кои се шират со месеци, и ја откри вистината за разводот со Соња и наводната врска со Ана Севиќ.

По многуте трачеви во неговиот приватен живот, кој гi слушавме со месеци, Аца Лукас одлучи конечно да ја отвори душата и открие што навистина се случило меѓу Соња и него, како и за тоа дека имал афера со Ана Севиќ, како што се зборуваше.

Аца овој пат ништо не криеше, и раскажа многу непознати детали од својот приватен живот.

„Ова ќе биде моето последно интервју кое се однесува на приватниот живот, и после него, нема да можете да слушнете ништо освен музика и концерти. На сето тоа што се пишуваше, јас воглавно се смеев. Се почна од моето раскинување со Соња, и тоа ги запали медиумите.

Нашиот брак веќе подолго време не функционираше како што треба. Додека живеевме согласно и убаво, живеевме, но после тоа не ни идеше ништо. Да ги пресечам сите шпекулации и калкулации веднаш, нашиот брак не се распадна поради трето лице, никакви јариќи, козици, овци, никаква Ана Севиќ, ншто слично на тоа.

Ние се разделивме затоа што не ни идеше. Се сакавме додека се согласувавме и тоа е тоа. Раскинувањето беше неминовно“, изјави Лукас и додава дека до помирување со Соња сигурно нема да дојде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top