Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот.
Како што рече Царовска, Министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосмеснкото работење.
– Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи- напомена Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица
-
Теловска: Царовска излажа, нема ниту нови градинки, ниту втора смена во нив
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална