| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист на возраст од 69 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила околу 10:30 часот во Скопје. Од полицијата информираат дека несреќата се случила на крстосница со булеварот „8 Септември“ и сервисна улица на булеварот.

Скопјанецот А.Ч. (29) управувајќи со автомобил „Дачиа Дастер“ удрил во велосипед кој го управувал 69 годишниот С.Т. од Скопје. Повредениот велосипедист со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар каде му се констатирани тешки повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top