| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивно обраќање на Меси за нападот во Барселона: Нема да се предадеме

Терористичкиот напад кој вчера ја погоди Барселона експресно предизвика голема бура во светската јавност која се повеќе стравува од ваквите непосакувани настани, а страшниот расплет во Каталонија ги погоди и најголемите фудбалски ѕвезди кои живеат во овој регион во Шпанија.

Терористичкиот напад во кој беа прегазени група граѓани од залетано комби однесе 13 невини животи, па сега од час во час пристигнуваат емотивни пораки за жртвите од сите сфери, вклучувајќи ја и фудбалската. Лионел Меси не остана имун на случувањата и со голема тага се огласи за грозоморниот чин во центарот на Барселона, па со емотивна порака им се обрати на најблиските пријатели и семејствата кои останаа без своите најмили.

– Сакам да испратам сочувство и да ја изразам мојата комплетна поддршка до семејствата и пријателите на жртвите во ужасниот терористички чин во нашата сакана Барселона. Истовремено, сакам јасно да ја нагласам одбивноста кон било каков акт на насилство. Нема да се предадеме, многу повеќе сме оние кои сакаме да живееме во свет полн со мир, без омраза и каде почитта и толеранцијата се база и основа за соживот, – напиша Меси кој своите последни 17 години од животот е жител на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top