| четврток, 6 декември 2018 |

Нов напад во Шпанија: Терористи влетале со ауди во маса луѓе во Камбрилс

 

Само осум часа по нападот во Барселона, рано утрово терористи извеле уште еден напад во Шпанија. Нападот се случил во туристичкото место Камбрилс, на околу 100 км од Барселона.  Светските медиуми наведуваат дека се повредени седум лица кога терористи со патничко возило ауди влетале во маса луѓе на шеталиштето. Полицијата веднаш реагирала и ги ликвидирала терористите кои на себе имале појаси со експлозив.

-Слушавме луѓе како врескаат, а потоа пукање, видов мртов човек како лежи на улица, сведочи келнер од кафуле на шеталиштето.


Подоцна е соопштено дека напаѓачот е Шпанец и не е во врска со напаѓачите од Ла Рамбла.

-Неколку терористи се обиделе со комбе да се залетаат во пешаци во пешачка зона во Камбрилс, но возилото им се превртело по што полицијата убил четворица. Според првите информации, сите носеле експлозивни појаси. Еден терорист полицијата ранила на променадата, кој подоцна им подлегнал на повредите, јавува шпанското радио Кадена СЕР.

На мештаните на овој приморски град им е наредено да не излегуваат на улица.

-Ако сте сега во Камбрилс, не излегувајте на улица, останете дома на сигурно, објавила полицијата на Твитер.

Нападот се случил околу еден часот по полноќ по локално време. Повредени се вкупно седум лица, од кои две потешко, а меѓу нив и еден полицаец.

Ситуацијата во Кабрилс е под контрола, а полицијата се сомнева дека овој напад е поврзан со нападот во Барселона, во кој загинаа 13 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top