| четврток, 6 декември 2018 |

Монтела: Не очекував да биде толку лесно

Милан ја совлада Шкендија со убедливи 6:0 и само теоретски ќе мора да го потврди пласманот во Лига Европа на реваншот во Скопје.

Тренерот Винченцо Монтела не го криеше задоволството од победата на „Сан Сиро“, потенцирајќи ја добрата игра на дел од своите фудбалери.

– Игравме против добро организиран противник, но сепак ги анализиравме и знаевме како да ја пробиеме нивната одбрана. Не очекував дека ќе биде толку лесно, сепак правевме и грешки и тука треба да се коригираме. Сепак, се уште сме на почеток на сезоната, – истакнал Монтела кој единствено жали за повредата која ја заработил Џек Бонавентура.

Реваншот меѓу Шкендија и Милан е закажан за 24 август од 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top