Маж што се возел со воз од Филаделфија и им се фалел на присутните дека има љубовница, јавно бил критикуван на „Фејсбук“ откако неговиот разговор го слушнала една патничка и го објавила на „Фејсбук“.
Фотографијата на прељубникот, кој заедно со пријателите патувал со воз од Филаделфија, е поделена на интернет повеќе од 183.000 пати, откако патничката од Пенсилванија ја посавила на мрежата.
– Ако е ова вашиот сопруг, сакам да ви кажам дека во текот на патувањето од Филаделфија два часа морав да го слушам фалењето на еден губитник и неговите пријатели за нивните љубовни авантури и за тоа дека нивните жени се глупави бидејќи не можат да ги откријат. Ве молам, испратете понатаму – напишала Стеф Стрејер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


