| четврток, 6 декември 2018 |

Со 15.000 евра СДСМ купува навивачи на Фемили Аеродром за да го протурка населувањето мигранти во Аеродром

Планирано да бидат населени во општини со мнозинско македонско население. Тоа би значело рушење на хомогеноста на македонското население и секако вметнувањето на двојазичноста во тие општини. На тој начин, пред се би го оправдале Законот за територијална поделба и секако „швајцарскиот“ Закон за употреба на јазиците

Мала група навивачи од аеродромската навивачка група Фемили Аеродром добиле понуда за одредена сума пари да ја поддржат намерата на Владата на СДСМ да насели мигранти во општина Аеродром.

На навивачите им била ветена премија од 15.000 евра плус навивачка опрема доколку успеат да ги убеди останатите навивачи во општина Аеродром да го поддржат Златко Марин, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општината, објави Журнал.

Порталот објаснува дека планот на СДСМ потекнува од странски дипломати, кои со овие пари сакаат да осигураат трајно населување на 150.000 мигранти на целата територија на Република Македонија, од кои 10.000 е предвидено да бидат населени во општина Аеродром, и интегрирани во општеството преку квоти во образованието и обезбедување работни места.

Според планот, згради за вдомување на 10.000 бегалци треба да никнат во Горно Лисиче, меѓу улиците „Вардарска“ и „Островска“ и во Ново Лисиче, каде што живеат безмалку само Македонци.

Во тој контекст, целата општинска гарнитура на СДС во Аеродром, предводена од нивниот кандидат за градоначалник Златко Марин, по секоја цена се борат да ја добијат локалната власт на општината и да го реализираат овој владин план.

Искешираниот ОО Аеродром на СДС се расфрла со парите за да придобие што повеќе гласови. Освен анвивачите на МЗТ Скопје, пикирани се и млади луѓе кои се добро платени за да организираат разни собиранки, забави и мали настани за да ја анимираат младата популација во општината. Трета група би било работоспособното население, кое го распалуваат преку гужвите во сообраќајот и загаденоста на воздухот.

Државјанства летаат како летоци кога СДСМ е на власт

 

Повозрасните се сеќаваат на 130.000 државјанства на лица од Косово во 1994 година, чисто за поддршка на Киро Глигоров на вторите Претседателски избори, потоа оние 300.000 бегалци исто така од Косово во 1999 година, кои голем дел од нив останаа во Македонија и добија државјанства од страна на владата на СДС во периодот од 2002 до 2006 година. Тогаш, вкупно се зголеми населението во Македонија за околу 12%. Сега, според новата програма, на новата марионетска влада на СДС, планиран е пораст од околу 7,5% на населението.

Планирано да бидат населени во општини со мнозинско македонско население. Тоа би значело рушење на хомогеноста на македонското население и секако вметнувањето на двојазичноста во тие општини, како што е општината Аеродром. На тој начин, пред се би го оправдале Законот за територијална поделба и секако „швајцарскиот“ Закон за употреба на јазиците.

Се со цел да ги убедат граѓаните дека оваа иницијатива е сосема нормална, нивниот кандидат за градоначалник Златко Марин, заедно со десетте советници во општината, организираат секојдневни „собири со граѓани“, на различни локации во општината. Сепак, граѓаните ја почувствуваа нивната болна потреба за власт по секоја цена и на овие т.н. собири присуствуваат едвај 20 луѓе, кои веројатно се и нивни членови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top