Министерот за внатрешни работи, Јоаким Форн, соопшти дека 13 луѓе се мртви, а 50 повредени, по терористичкиот напад кој попладнево се случи во Барселона. Полицијата почна да ги евакуира луѓето кои беа затворени во продавниците кога започна нападот.
Фејсбук активираше опција за луѓето кои се наоѓаат во Барселона, да може да ги информираат своите пријатели дека се безбедни.
Претседателот на Владата на Каталонија, Карлес Пуждемон, преку Твитер повика на максимална внимателност.
Властите се во потрага по второ комбе кое би можело да нападне. Возачот на комбето избегал од местото веднаш по настанот. Тамошните медиуми јавуваат дека возачот на комбето бил облечен во бела облека со сини линии.
Таксист кој бил присутен на местото на несреќата вели дека комбето возело со голема брзина и ги газело сите на кои налетало.
Лас Рамблас е централен булевар во должина од 1.2 километри кој поминува низ центарот на Барселона.
Булеварот е популарен меѓу туристите поради неговите пазари со тезги, барови и ресторани.
Поради нападот целиот јавен транспорт во областа е во прекин.
Локални медиуми од Барселона информираат дека еден од напаѓачите е мртов по престрелка со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст