| четврток, 6 декември 2018 |

Советниците на СДСМ од Прилеп не гласаа за одбивање на Стратегијата за вдомување на мигранти – ја напуштија седницата

На барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија пред советниците на општина Прилеп денеска беше ставена и Предлог–одлуката за неприфаќање на Нацрт–стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 – 2027 и Националниот акционен план произлезен од стратегијата, донесени од Владата на Република Македонија.
Иако советнците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ја образложија причината зошто е поставена оваа точка на денвен ред, советниците на СДСМ реагираа и ја напуштија седницата на Советот на Општина Прилеп.
– Нацрт–стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 е исклучитлно важно прашање и како што и самите советници напоменаа ова ја разбранува македонската јавност, односно прилепската јавност, каде се планира да се населат дел од мигрантите. Многу наши сограѓани се обратија до нас, како советници, по ова прашање, а особено загрижи фактот што Министерството за труд и социјална политика во јули се обрати до ЗЕЛС, каде е членка и нашата Општина, за да дадеме мислење за оваа стратегија, што само по себе дирекно ја вклучува нашата Општина, да одлучи за смесување на мигранти, бегалци на нашата територија. Имајќи го сето тоа во предвид, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, го поставија ова како прашање на Седницата, бидејќи советниците сметаат дека ова ќе го наруши социо – економскиот систем на нашата држава, но исто така и безбедносниот Па оттука едногласно, како советничка група донесовне заклучок дека оваа стратегија е неприфатлива за граѓаните на Оптшина Прилеп. Жално е што советниците на СДСМ, ја напуштија сендицата при овој предлог и не останаа да дебатираат по барањето на граѓаните, иако во изминатиот период велеа дека граѓаните за нив ќе бидат во прв план и ќе дебатираат во името на граѓаните за разни прашања. Но денеска ја напуштија седницата и несакаа да дебатираат за вакво исклучително важно прашање за граѓаните на Прилеп. Ние не сме нехумани. Прилепчани во изминатиот период во многу наврати покажаа дека се хумани луѓе. Помагаат без разлика на вера, национална припадност, раса и боја на кожа. Но, овде не станува збор за тоа, станува збор за страв на граѓаните од Општина Прилеп кои стравуваат дека перку интеграцијата на миграните ќе се за наруши нивниот социо – економски живот, но и демокрафската слика на градот, бидеќи тие тука треба да се образуваат, да бидат вдомени, да работат, рече претседателот на Советот на Општина Прилеп, Никола Димески.
Предлог–одлуката за неприфаќање на Нацрт–стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 – 2027 и Националниот акционен план произлен од стратегијата, беше прифатена со 14 гласови „ЗА“ од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, без присуство на советниците од СДСМ и неговите коалициони партнери, кои ја напуштија 66 редовна седница на Советот на Општина Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top