Поројчани се револтирани и поради нерешеното прашање со земјоделското земјиште. Иако им била ветена надомест на штета, таа се уште не им била исплатена.
Претседателот на месната заедница на Порој, Сулејман Рамадан, вели дека жителите се при крај со трпението. Ако за два дена нема реакција од институциите, в петок ќе излезат на протести и ќе го блокираат патот Тетово-Јажинце.
– Досега нема никаков одговор, ниту не посетил некој од локалните и централните институции. Што ќе се случи не знам! Околу 50 куќи се уште се блокирани. Селаните си кажаа што мислат, ќе го блокираат патот до главниот дел, ќе се протестира, ќе чекаме уште два дена, ако не, тогаш во петок после молитвата, ставот на жителите е да се протестира – изјави Сулејман Рамадан, претседател на МЗ Порој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.