Повеќе од 10.000 слободни места ги чекаат матурантите на најстариот Универзитет „Св Кирил и Методиј“, а аплицирањето за првиот уписен рок е денеска и утре. Идните студенти од утрово веќе почнаа да ги доставуваат документите до саканиот факултет.
Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за оваа студиска година, слободни се 10.818 места од кои 5.865 се резервирани за редовни студенти(партиципација од 200 евра), 3.793 за редовни студенти (со кофинансирање со 400 евра) и 1.160 места за вонредни студенти(400 евра). Вториот уписен рок е на 4 септември, а третиот рок за пријавување е на 15 септември.
Новина оваа студиска година е тоа што Владата донесе одлука да се активираат родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, кои 5 години беа ставени во мирување, како и студиите за безбедност и евроинтеграциите на „Факултетот за безбедност” при УКЛО, кои исто така беа во мирување.
Годинава факултетите при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” нема да имаат дисперзирани студии.
За првпат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината.
Околу 1.300 идни студенти аплицирале на факултетите и академиите на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип во рамки на првиот уписен рок, во текот на изминатите три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст