По четири часа распит во СЈО, Љупчо Палевски и неговиот адвокат ги напушти просториите на СЈО. Палевски даде куса изјава дека бил повикан во врска со предистражна постапка, за која, не смее да зборува, зашто е обврзан со законот.
Инаку, Љупчо Палевски, бизнисмен и поранешен партиски функционер на СДСМ беше повикан и во полиција и на распит во СЈО поради тоа што неговото име се врзува со прислушуваните разговори, односно приватните разговори кои што беа објавени на „јутјуб“ под корисникот „Никола Тесла“.
Станува збор за приватни разговори на политичари и новинари, меѓу кои и на новинарката Оливера Трајковска, новинарот Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска, поранешната пратеничка на ДУИ Ермира Мехмети, Муса Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети како и лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст