Австриски официјални лица соопштија денеска дека на границата со Италија ќе испратат 70 војници, за да и помогнат на граничната полиција во запирање илегален влез на мигранти во државата. Потегот е преземен како одговор за зголемениот број мигранти кои се обидуваат да ја преминат австриско-италијанската граница.
Австриските власти претходно соопштија дека се подготвени да распоредат возила со оружје долж границата за да спречат мигранти да влезат во Австрија, но засега се уште не е конкретизирана најавата, јавуваат австриски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти