Иако трансферот на Килијан Мбапе во Пари Сен Жермен вжеше за завршена работа, француските медиуми објавија дека, сепак, вториот најскап трансфер во историјата нема да се реализира.
Претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи со своето трошење го навлече бесот на големите европски клубови. Поради тоа првиот човек на „светците“ ризикува драконска казна од УЕФА, која може да го суспендира од европските натпреварувања. Притоа, евроските гиганти се заканија дека можат да влезат во „отворена војна“ со францускиот клуб.
Поради тоа Ал Келаифи за сега го стопираше трансферот на играчот од Монако, а можно е во целост да се откаже од негова реализација.
Потсетуваме, Реал прв постигна договор со младиот Французин, но неговиот татко сепак одлучи да ја прифати понудата на ПСЖ, кој нудеше многу поголема плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст