Не е законски престанокот на работниот однос на јавниот обвинител Марко Зврлевски – вели претседателот на Антикорупциската комисија за Алфа, Игор Тантуровски зборувајќи за тоа дали за време на избори, во овој случај локални, може да се вработува или разрешува лице во државните и јавни институции.
Антикорупционерите едногласно заклучиле дека Зврлевски не треба да се менува во време кога се распишани избори, оти тоа е кршење на Изборниот законик.
– „Го предадовме мислењето на Комисијата во Собрание вчера, по завршувањето на седницата на комисијата, и тоа е едногласно. Идентично е како што Комисијата и до сега се изјаснувала во слични ситуации. Не можеме да се согласиме со смена на Зврлевски кога членот 8 од ИЗ е јасен, и нема никакви други измени на истиот“ вели Тантуровски за Алфа.
Антикорупционерите се изјаснуваат една недела откако ВМРО ДПМНЕ побара од нив да дадат толкување за примена на членот 8, според кој во време на распишани избори се забрануваат постапки за вработување на нови лица или престанок на работен однос на државни функционери.
Опозициската партија побара да се стопира расправата за разрешување на Зврлевски, додека комисијата не се изјасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст