| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Тасевски: Актерите во политиката ги лечат комплексите поради недостаток на талент врз своите колеги

Актуелниот директор на Драмски театар, Сашо Тасевски, одамна е навлезен во политиката. Тој беше носител на кандидатска листа на ТМРО за време на изборите во 2006 година.Носител во втората изборна единица, каде ТМРО освојувајќи 320 гласа не успеа да добие ниту едно пратеничко место.

Во еден разговор за дневниот весник Вечер, актерот Тасевски зборува за неговиот мотив да влезе во политиката.

Во статијата стои:

Сашо Тасевски, кој е најавен за носител на кандидатска листа на ТМРО, пак со сосема друго размислување. Вели секогаш кога помислувал да се занимава со политика, политиката започнувала да се занимава со него. Така сфатил дека е подобро тој да се занимава со неа, отколку таа со него.

„Луѓето имаат предрасуда дека уметниците не треба да се занимаваат со политика. За жал, во едно вакво импровизирана држава, околностите го бараат спротивното“ – вели Тасевски.

Според него, неговите колеги влегуваат во политиката од две причини. Едната, објаснува тој, е лична корист и кариера, кои своите комплекси поради недостаток на талент преку политиката ги лечат на оние кои се докажани во својата професија. Тоа се луѓето собрани околку директорката на Драмски театар. Другите, пак, вели тој актери кои се свесни, самоуверени и кои вистински веруваат дека можат да создадат услови во кои ќе ги употребат своите потенцијали. За него политиката е полесна, но вели, таа многу лесно станува театар на жесток судир во кој успеваат најспособните – стои во текст објавен во Вечер во 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top