Твитот на поранешниот американски претседател Барак Обама по повод насилствата во Шарлотсвил е најпопуларен во историјата на Твитер.
Обама во твитот го цитира Нелсон Мандела, а има речиси три милиони „ми се допаѓа“ откако е поставен на 13 август, по насилствата во Шарлотсвил во Вирџинија.
„Никој не се раѓа со омраза кон другите поради бојата на неговата кожа, потекло или вера… Луѓето мора да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, можат да научат и да сакаат, бидејќи љубовта повеќе прилега на човечкото срце отколку нејзината спротивност“, напиша Обама, цитирајќи го Мандела.
Твитот е пропратен со фотографија на која Обама се смее со четири деца од различни раси. Фотографијата потекнува од 2011 година, кога Обама го посети дневниот центар во Мериленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст