| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Факултетот за безбедност ­- Скопје е вистински избор за идните кадри во безбедносните институции

Делегација од Факултетот за безбедност-­Скопје, составена од деканот Никола Дујовски, продеканот за наука и развој Марјан Ѓуровски и проф. д­р Владимир Ортаковски, денеска беше примена од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов нагласил дека Факултетот за безбедност како високообразовна институција со своите активности придонел за мирен и стабилен развој на Република Македонија во нејзините демократски процеси, воедно постигнувајќи значајни резултати во работата, особено во едукацијата и образованието на кадар за потребите на безбедноста и одбраната на Република Македонија и научното истражување.

На средбата било истакнато дека изминатите четири децении многу генерации од Факултетот за безбедност-­Скопје значајно придонеле преку посветеното работење, пожртвуваност и истакнување за време на мир и кризни состојби. ­

– Да се студира на Факултетот за безбедност­-Скопје претставува вистински избор за наобразба и придонес кон подигнување на високите стандарди на кадарот во безбедносните институции и недржавни актери во земјата, подвлекол претседателот Иванов, кој го потенцирал позитивното искуство од дипломираните студенти на овој факултет.

На средбата биле иницирани заеднички научно­-истражувачки проекти од областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната со кои ќе се придонесе за надлежните институции, како што е Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и за неговото работење како врховен командант на вооружените сили на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top