| четврток, 6 декември 2018 |

Западнонилската треска стигна до Србија

Три случаи на западнонилска треска се регистрирани во Србија, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“. Според информациите, до 11 август три лица заболеле од треската што се пренесува преку комарци.

Институтот претходно соопшти дека во Србија до 4 август биле потврдени два случаја и дека се во прашање лица од Белград на возраст над 60 години, кои се хронично болни и спаѓаат во категоријата со зголемен ризик.

Според податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, до 27 јули регистрирани се пет случаи на заболени од западнонилска треска во Грција и четири случаи во Израел.

Западнонилската треска првпат е регистрирана во Србија во 2012 година и станува збор за сезонска болест која се пренесува со убод на заразен комарец.

Периодот на инкубација е од два до 14 дена и повеќето луѓе (80-90 отсто) инфицирани со вирусот немаат никакви симптоми. Кај мал број заболени, од 10 до 20 отсто, симптомите се слични на грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top