Најмногу пари за венчавање во православната црква мора да подготват Белграѓаните, кои тоа може да ги чини и до 200 евра.
Ако сакаат да се венчаат во храмовите или манастирите во Српска православна црква, младите во Србија мора да платат сума од 50 до 300 евра, што понекогаш подразбира само закуп на црквата но не и надомест за свештеникот.
Најмногу пари за венчавање во православната црква мора да подготват Белграѓаните, кои тоа може да ги чини и до 200 евра. Ако се одлучат да се венчаат во црква која не е од нивната парохија, еден час закуп ќе мора да го платат од 5.000 (колку што бара црквата кај стадионот на Партизан) до 10.000 динари (колку што наплатуваат во Ружица).
Покрај тоа, на рака на свештеникот треба да платат уште 8.000 до 10.000 динари, во некои цркви се плаќа и такса за кумот од околу 2.000 динари. Посебна ставка е хорот, кој може да чини од 8.000 до 12.500 динари. Кога ќе се собере се, венчавање во Ружица или во црквата Василије Острошки на Бежанија може да чини и до 25.000 динари.
– Мојот син ќе се венча во храмот на Бежанија, а јас сум шокирана од износот. Вкупно плаќа 200 евра, што е сума за која во Србија луѓето работат цел месец. Се прашувам како воопшто се венчаваат тие чии плати се пониски – вели Светлана Јанковиќ.
Нешто помалку пари ќе издвојат во Срем кои ќе сакаат да се венчаат во некој од фрушкогорските манастири. Таксата во Крушедол, на пример изнесува 11.500 динари. Од 8.000 до 13.000 треба да се издвојат и во Хопово, Раваница, Врдник. Покрај тоа се очекува манастирот да се дарува со вино или кафе, како и кумот да го почести свештеникот кој венчава.
– Сакав да се венчам во Велика Ремета бидејќи тоа е единствен манастир во кој никогаш не се одредувала цената. Игуменот имаше политика „кој колку може нека даде”. Луѓето доаѓаат од сите делови на Србија, имаше стотици венчавки и крштевки во годината во тој манастир – вели Јован Илијевиќ, кој неодамна се венчал во еден од фрушкогорските манастири.
Во црквите во остатокот од Војводина цената варира од 6.500 до 8.000 динари, колку што чини во црквите на банарската Епархија во Нови Сад. Слична е и просечната цена во другите делови во Србија, многу парохии наплатуваат 6.000 или 7.000 динари. Исклучок е пиротскиот крај, каде младенците, кумот и старосватот го делат трошокот од 9.000 динари.
Во Јагодина венчавка чини 7.500 динари, но манастирите наплатуваат и дополнителна такса која зависи од договорот. Ни во црквите во лозница не постои тарифа, туку плаќањето се прилагодува на можностите на верниците.
Сепак, на сите ни е познато дека „можностите” изнесуваат до 6.000 динари во просек. Во ваљевскиот крај, цената се менува од парохија до парохија, но се движат од 50 до 100 евра, како во црквите така и во манастирите.
Во епархиите не беа расположени за разговор за ценовниците со образложение дека „таксите се во ранг на тие кои ги наплатуваат матичарите, а дека само црквата е на удар”.
– Од една страна, факт е дека многу наши граѓани одат во црква само кога се крштеваат, венчаваат или умираат. Тоа значи дека црквата ја доживуваме како инстант услуга, не плаќаме парохијал, не оставаме донации, туку ја доживуваме како мода. Не се венчаваме кај секој свештеник, туку кај тие кои се популарни, дури и според автомобилот кој го имаат. Така гледано, се што е модерно, мора и да се плати – вели верскиот аналитичар Денис Ѓеновиќ.
Сепак, како што потенцира тој, противник е на ценовникот во црквите и потенцира дека СПЦ има двојни аршини кога е во прашање нејзиното финансирање.
– Не толку одамна, беше уапсен благајник на една епархија бидејќи украл милион евра во кеш. И тоа никој не го забележал се додека тој не отишол на годишен одмор. Замислете колкави се тие средства кога некој ќе украде милион евра во кеш, а тоа да не се забележи?
Црквата одбива да полага сметки и да биде даночена бидејќи сме секуларна држава, а од друга страна прифаќа тоа што државата одвојува огромни средства за здравствено и пензиско на сите свештеници – критикува Ѓеновиќ.
Во католичките цркви во Војводина венчавка се наплаќа по неофицијален ценовник од 2.000 до 5.000 динари. Затворена венчавка, само за младенците чини 800 до 1.200 динари. Цените до 50 евра или правилото „прилог во рамки на можностите” важат и во другите малцински цркви. Според мислењето на Драшко Ѓеновиќ, ова е сосема очекувана појава бидејќи малцинските цркви имаат далеку помалку верници на кои бројот постојано им се намалува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст