На магистралниот пат Штип-Радовиш, ноќеска 30 минути по полноќ, се случи сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила со штипски регистерски таблички. Карактеристично за незгодата е што и двајцата возачи се без положен возачки испит.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила меѓу возилата „Киа Карнивал“ и „Рено Меган“ со штипски регистерски таблички, кои се движеле во спротивни насоки.
Со возилото „Киа Карнивал“ управувал 49-годишен возач, а во возилото имал и 45-годишна сопатничка, која се здобила со телесни повреди и е хоспитализирана во штипската Клиничка болница. По лекарскиот преглед е пуштена на домашно лекување со набиеници на десното рамо. Во возилото „Рено Меган“ зад воланот управувало 18-годишно момче, а со него имало и четворица патници. По несреќата извршено е алкотестирање на возачите без положен возачки испит, утврдено е дека кај 49-годишниот возач има 1,69 промили алкохол во крвта.
Истрага треба да ги тврди причини за несреќата, а истражните органи ќе поднесат и пријави против учесниците во несреќата кои ги управувале автомобилите без да положат возачки испит.
Панајотова вели дека според Законот за возила казната за двајцата возачи, бидејќи немаат положен возчаки испит е 300 евра или ако се плати во рок од осум дена е 150 евра во денарска противредност. На патиштата на територија на Општина Штип и Карбинци од почетокот на годината па до денес евидентирани се 18 сообраќајни несреќи во кои учествувале возачи без возачки испит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст