Изложба на фотографии „Shhh… Гола сум!“ на Марина Трајковска вечер (вторник, 15 август) ќе биде отворена во „Објектив бар“ во Охрид, со почеток од 20 часот.
За Трајковска, која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години, ова ќе биде прва самостојна изложба. Таа е апсолвент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија.
– Женското тело како голо тело многу пати е и злоупотребувано, „продавано“ за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување – изјави Трајковска за изложбата.
Трајковска е редовен учесник и на меѓународни филмски фестивали. Меѓу другите ангажмани, таа неколку години ги потпишува и бекстејџ видеата на Моден викенд Скопје.
Изложбата е од отворен карактер, а гостите ќе ги забавува Dj Nasty Deluxe кој зад себе има интернационална кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст