Царински инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блаце при контрола на патничко моторно возило во специјално направен бункер пронајдоа околу 22 килограми марихуана.
Имено, на 13.08.2017 година околу 18:30 часот, на граничниот премин Блаце, за влез во државата се пријавил бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин од с.Белаковец, Република Бугарија. И покрај тоа што возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, возилото било селектирано за детална царинска контрола.
При прегледот на надворешниот дел на подвозјето, од левата страна, биле забележани преправки на дел од шасијата, поради што биле отстранети предните седишта на возилото и притоа бил откриен специјално направен бункер по целата должина на левата и десната страна од подот. Во левиот дел од бункерот биле пронајдени 12 паковки а во десниот дел биле пронајдени уште 13 паковки обвиткани со стреч фолија, исполнети со непозната зеленкаста тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога добиени се индикации дека се работи за наркотична дрога марихуана, со вкупна маса од околу 22 килограми.
Лицето и дрогата се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
По преземање на случајот и по спроведената преткривична постапка, инспекторите од Одделението за истраги дојдоа до сознание дека осомничениот по претходен договор со лице од Косово, се согласил да пренесе поголема количина на наркотична дрога – марихуана до западно европските земји за паричен надомест од 3000 евра.
Царинската управа против осомничениот поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 став 4 и став 7 од Кривичниот законик, додека осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во ОС Скопје 1, Скопје кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст