Австралискиот велосипедист Стивен Вулдриџ почина на 39-годишна возраст.
Вулдриџ беше олимписки шампион во 2004 г. во Атина, како и светски шампион во истата година, а по повлекувањето од велосипедските стази работеше на едукација на студенти и во Сојузот на велосипедисти во Австралија и Окејанија.
-Стивен беше одличен велосипедист и олимписки шампион кој засекогаш ќе биде запаметен, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија.
Четирикратниот светски првак во 2015 година влезе и во Куќата на славните.
Засега не се соопштени причините за неговата смрт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.