Пред очите на преполната плажа и неговиот син, Дилавер Бојку Леку вчера беше убиен на „Аква блу“ во Струга, среде бел ден во 17 часот и 45 минути.
Засега непознат напаѓач испукал куршум од огнено оружје кој го погодил Д.Б. во пределот на главата, по што почнал да бега, но синот на Д.Б. со уште едно лице се стрчале кон напаѓачот во обид да го фатат. Како што информира МВР, напаѓачот испукал неколку куршуми и кон нив и избегал, со што ги спречил да го фатат.
Повредениот, велат од полицијата, бил пренесен во струшката болница, каде што по кратко време починал. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот, по наредба на јавен обвинител, е предадено на обдукција.
Во јавноста веќе се шират шпекулации дека се работи за крвна одмазда. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден биле многубројни капачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст