| четврток, 6 декември 2018 |

Шиповиќ обвинува: Жерновски на ЕП во Париз на сметка на центарци

Во Центар веќе извесно време се води предизборна битка и тоа во самата коалиција на СДСМ и Либералната партија на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
СДСМ и Жерновски одамна ја расипаа калимерата, па често претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ од СДСМ и градоначалникот си испраќаат пораки преку медиумите и социјалните мрежи.
Овојпат Шиповиќ на Твитер објави дел од финансискиот извештај на општината за 2016 година.
„Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување“, пишува Шиповиќ.
Тој потсетува дека за да се изведе службено патување, треба одлука од Управен одбор (односно на Советот на општината), а потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.
„А лани нели имаше некој фудбал во Франција“, нафрла на крајот Шиповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top