СДСМ врши вистински масакар во културата и културните установи, немилосрдно уништувајќи ги симболите на Македонија како што е институцијата „Танец“. Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува, изјави на денешната прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДСМ.
„Павловски е човек со завршено средно градежно образование, кој е поставен само затоа што е политички подобен за Заев и Алаѓозовски. Неговото именување покажува колкав е интересот на СДС и Алаѓозовски за македоноската култура и оваа државна институција која е најголем репрезент на Република Македонија во странство. Павловски, како кадар на СДС кој има завршено само средно градежно училиште, доаѓа на местото на Зоран Џорлев, докажан уметник, професионалец и афирматор на македонската култура, фолклор и музика. Граѓаните го гледаат и се срамат од разорувањето на институциите од страна на СДС. Граѓаните ја гледаат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите кадри и дилетантите на СДС“, истакна Атанасов.
Запраша зарем не е срамен ваквиот однос на СДСМ кон оваа установа, и додаде дека граѓаните се доволно мудри за да оценат која е разликата во односот спрема културата на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јасно е дека СДС нема баш никаква намера за афирмација на македонската култура и традиција. СДС единствено се грижи за спроведување на партизацијата и депрофесионализацијата на сите институции. Ниту граѓаните, ниту државата им се на прво место. Ниту некогаш им биле. СДС си поигрува со ансамблот „Танец“, кој е една од најстарите институции од ваков вид во Република Македонија, а дефинитивно најнаградувана, и одликувана со разни награди во земјата и странство. Со ваквите свои чекори на делување очигледно е дека СДС сака да ја партизира секоја пора на општеството. Го прашуваме СДС дали е вистина дека новоименуваниот в.д. директор со самото поставување на позицијата барал списоци за вработените кои добиле решенија изминативе 10 години? Оттука го прашуваме кому и за што му се ваквите списоци?“, праша Атанасов.
Според него, „Танец“ е културна установа од највисок ранг и не смее да биде жртва на умоболните политики на СДСМ.
„Танец“ е формиран далечната 1949 година и од тогаш до денес истиот претставува амбасадор на македонскиот фолклор. Примарната цел за постоење на ансамблот е да се одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор, што успешно го прави веќе 6 децении благодарение на стручниот и посветен кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период сериозно инвестираше во оваа установа, а на вработените им ги зголеми платите. СДС си поигрува со институцијата која имала над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Ансамблот „Танец“ во текот на годините се закитил и со голем број на државни награди, како: „11-ти Октомври“, „Климент Охридски“, наградата од градот Скопје „13-ти Ноември“ како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Република Македонија, посочи Атанасов.
Вели дека СДСМ со партизацијата која, како што рече, упорно ја спроведува во сите институции, ја загрозува оваа институција која е промотор на македонската култура и традиција во светот.
„Заρади ваквата неодговорност, негρижа и неспособност на владата на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност на претстојните локални избори, кога граѓаните ќе кажат што мислат за погубните политики на СДС“, потенцира Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.