| четврток, 6 декември 2018 |

Хоџај: Идеите на Србија за промена на границите се опасни

Поранешниот шеф на косовската дипломатија Енвер Хоџај, изјави дека границите на Косово се меѓународно признаени и дека идеите на Србија за промена на границите се „опасни и неприфатливи“.

– Косово е мултиетничко општество со меѓународно признати граници, напиша Хоџај на Твитер.

Тој додаде дека „идеите кои ги повторува Србија за промени на границите се опасни и неприфатливи“.

Според него, внатрешниот дијалог на Србија за решавање на косовското прашање ќе пропадне ако не заврши со признавање на независноста и државноста на Косово.

– Ако Србија постојано води кампања против членството на Косово во меѓународни организации, за каква нормализација зборуваме, додаде Хоџај на Твитер.

Реакцијата на Хоџај уследи по изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој рече дека неговиот предлог за дефинирање што е албанско, а што српско во Косово не е насочен кон поделба на Косово и оти Србија нема да ја признае косовската државност на крајот од дијалогот Белград – Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top