| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влета во пицерија во Франција, загина дете

Осумгодишно девојче загина, а шестмина луѓе се тешко повредени вечерва кога автомобил влета во пицерија во гратчето Сет-Сор источно од Париз, соопшти француската полиција. Новинската агенција Франс прес јавува дека возачот е уапсен. Инспекторите веруваат дека делото е „намерно… но веројатно нема врска со терористички чин“, соопшти канцеларијата на обвинителот во градот Мо во департманот Сена и Марна во околината на Париз.

Франција претрпе низа терористички напади во кои автомобилите беа користени како оружје. На 9 август шестмина војници беа повредени откако беа удрени со изнајмено БМВ во западно предградие на Париз. Осомничениот 36-годишен Алжирец беше ранет по драматична бркотница со автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top