Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе истрпи казна од 5 натпревари поради своите постапки за време на натпреварот за Суперкупот на Шпанија против Барселона.Средбата на Ноу Камп заврши со победа на кралскиот клуб со 3: 1, а во завршните минути Португалецот доби втор жолт картон и се си стрча кон главниот судија буткајќи го.
Со оглед на реномето Дисциплинската комисија на Кралската фудбалска федерација на Шпанија (RFEF) одлучи да го казни Роналдо со еден дуел за вториот жолт картон и уште четири за тоа дека го турна судијата. Така тој ќе го пропушти реваншот со Барса на Сантијаго Бернабеу, како и првите четири дуели на својот тим во Примера дивизион.
Инаку Кристијано го доби првиот жолт картон во 80-тата минута, откако го соблече дресот по дадениот гол.
Две минути подоцна тој падна во шеснаесетникот на Барса, а судијата му покажа уште еден жолт за симулација. Под влијание на емоциите Португалецот грубо стрча кон арбитерот и го бутна, пред да го
напушти теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст