Младите во југоисточниот дел на Македонија изразуват згрозеност од вчерашниот чин на огнена престрелка и употреба на оружје во полициска акција во Струмица против малолетни лица од Радовиш.
-Јавноста е згрозена од фактот на полициската бруталност, односно употреба на оружје во полициска постапка против малолетници во која според достапните информации учествувале четири малолетни лица од кои две се тешко повредени. Бараме од Јавното обвнителство од Службата на внатрешната контрола на МВР и сите надлежни органи во најскоро време целосно да го расветлат конкретниот случај особено да ја утврдат исправноста во употребата на присилната мерка- ова беше истакнато на протестот против полициска бруталност во Струмица.
Граѓаните на протестот побараа, началникот на СВР Струмица да ја преземе целосно одговорноста за постапката на полициските службеници, да поднесе морална оставка доколку не успее да образложи дали постои јасна визија и стратегија за безбедноста во спречување и справување со криминалот во регионот.
-Граѓаните го изразуват своето незадоволство и протест заради примената на насилството и употребата на брутални мерки кои до сега ретко или воопшто не биле во пракса. Изразуваме подршка на секој полициски службеник да се справи со задачите на најсоодветен и професионален начин свесни дека полициските службеници директно го изложуват својот живот и здравје во рамките на своите работни активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст