| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со Динко, бугарскиот ловец на мигранти (фото)

Зоран Заев се сретнал со Динко Валев, познат како „Ловецот на мигранти“ кој фотографијата од средбата со Заев ја објавил на својот фесјбук профил – објави бугарскиот порталот 24 Часа.

„Познатиот Бугарин отпатувал во Македонија за да се сретне со скандалозниот македонски новинар Миленко Неделковски, кој со чекан оштети спомен плоча на загинати бугарски офицери и војници на Кајмакчалан, но наместо со него се сретнал со премиерот Зоран Заев во Струмица“, стои во натписот на порталот.

Понатаму 24 Часа пренесува изјава на Валев во која тој вели:

„Новиот премиер на Македонија е многу убав човек и го почитувам. Го поддржува решението за добри односи за разлика од оној Миленко кој се покажа како неподготвен“.

Од Кабинетот на Заев велат дека средбата била во рамки на Фестивалот Струмица Опен, којшто се одржа во Струмица минатиот викенд. Тогаш, како што велат, низ градот биле присутни повеќе од 10 000 гости.

-Заев се фотографираше со голем број граѓани во текот на фестивалот, што е дел од неговиот карактер како човек од народот. Меѓу останатото се има фотографирано со штитениците од Заводот за рехабилитација Бања Банско. Фотографијата за којашто прашувате е случајна средба како и повеќето – велат од Кабинетот на Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top