
Во наредните четири петоци и саботи на различни локации низ главниот град ќе се одржува новата музичка манифестација „Супер Скопје“. Забавите ќе почнуваат во 21 часот, а за секој нареден викенд локацијата ќе биде различна: Кеј 13 Ноевмри, Стара скопска чаршија, улица Македонија и Боемската улица во Дебар Маало.
Овој петок (18 август) на Кеј 13 Ноември ќе настапи Сергеј Четковиќ, а наредниот ден „Бајага и инструктори“.
Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц – Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“).
На 1-ви и 2 септември забавата ќе се организира на улица „Македонија“ каде ќе настапат: диџеј Баже од Антена 5, Ај Кју и Каролина Гочева (1 септември) и диџеј Дела, Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе ( 2 септември).
Забавата во последните петок и сабота од првата манифестација „Супер Скопје“ ќе биде на Боемската улица во Дебар Маало, каде се најавени настапи на Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин (8 септември) и на Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар (9 септември).
Организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени од „Горила Вајлд ентертејмент груп“.
Програмата на прес-конференција ја претставија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорката на Конгресниот центар Вера Бошковска, а присутни беа и дел од изведувачите.
– „Супер Скопје“ и официјално почна со одржувањето на 10. „Пиволенд“. Иницијативата произлезе како предлог од сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, а таа е во насока на подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје – истакна Трајановски и ги повика скопјани и посетителите на Скопје да присуствуваат на концертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


