Ќе го наполни ли СДСМ скопски Аеродром со бегалци?! Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, денеска од собраниска говорница ги запраша своите колеги од социјалдемократскиот сојуз дали навистина планираат бегалски кампови во населбата Аеродром. Но ниту еден од пратениците од партијата на Зоран Заев не даде одговор на прашањето на Данев. Дали молкот значи потврден одговор?!
Данев не е првиот што ја отвора оваа тема. На Фејсбук групата Аеродром во моето срце се појави информација дека СДСМ планира да изгради бегалски камп во општината Аеродром откако ќе ја преземе власта на локалните избори. Во општината гласно се зборува дека на актуелниот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, од СДСМ ќе му се спротивстави претседателот на општинската организција на СДСМ Златко Марин.
Пред објавувањето на кандидатските листи, чијшто рок е 20 август, рејтингот на Ивица Коневски во Аеродром, кој во моментов го одработува вториот мандат, е значително висок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст