| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Аеродром под невиден терор: Небулози се пласираат од лажни адреси

Во јавноста се појави лажна е-маил адреса на Општина Аеродром opstina.aerodrom@gmail.com, од која се пласираат небулози и саркастични информации за наводните активности на Општината.

-Ве информираме дека тоа не е меил на Општина Аеродром, туку дека официјалните маил-адреси завршуваат со назнака за владина институција, односно со ……….@aerodrom.gov.mk. Доколку и во иднина добивате наводни информации од лажни меил адреси, Ве молиме да не ги земате предвид, бидејќи станува збор за груба злоупотреба на институцијата, соопштуваат од Општината.

Исто така, Општина Аеродром го пријави случајот во МВР, а во иднина не е исклучено да покрене и тужба против сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top